Избран ол-стар тимот: За првпат Данец е МВП на ЕП!
Идеалниот тим е составен од ракометари од шест различни репрезентации, а секако свои претставници имаат и финалистите Данска и Германија.
За најкорисен играч на шампионатот прогласен е Матијас Гидсел, а интересно е што тој стана првиот дански ракометар кој го освоил ова признание на едно Европско првенство.
Голман: Андреас Волф (Германија)
Лево крило: Аугуст Педерсен (Норвешка)
Лев бек: Симон Питлик (Данска)
Среден бек: Гисли Кристјансон (Исланд)
Десен бек: Франциско Кошта (Португалија)
Десно крило: Марио Шоштариќ (Хрватска)
Пивот: Јоханес Гола (Германија)
Најдобар дефанзивец: Салвадор Салвадор (Португалија)
Најдобар млад играч: Франциско Кошта (Португалија)
МВП: Матијас Гидсел (Данска)
Финалето е закажано за од 18:00 часот, а претходно од 15:15, Исланд и Хрватска ќе се соочат во битката за трето место.
