Драма во битката за петто место на ЕП: Коста е херојот на Португалија!
Почетокот на натпреварот донесе подобра игра на Португалија, но сепак предноста во ниту еден момент не беше повисока од три гола. На пауза сепак се замина со нерешен резултат 16-16.
Шведска во второто полувреме на неколку пати дојде до минимална предност и најави драма во завршницата.
Неизвесноста беше присутна буквално до последните секунди кога Мартим Коста погоди со удар од десетина метри и така донесе радост за својата селекција.
Лукас Сендел беше најефикасен со осум гола кај Шведска, а исто толку на спротивната страна постигна Коста.