Ѓоковиќ денеска урна и рекорд стар половина век!

Ѓоковиќ урна неколку рекорди со пласманот во своето 38. грен слем финале. Токму таа бројка е најголема во историјата на тенисот во Опен ерата, при што Роџер Федерер е првиот следбеник, но на прилично далечно второ место со 31 финале.

В недела Ѓоковиќ против Карлос Алкараз ќе се бори за титулата, а тоа ќе го направи како најстариот финалист во историјата на Австралија опен. Со 38 години и 241 ден го надмина Кен Роузвол, кој во 1972 година имаше 37 години и 54 дена.

Триумфот над Синер беше негова 20-та победа против играч од Топ 10 во Мелбурн, со што се изедначи со Рафаел Надал по бројот на победи на еден грен слем турнир против тенисери од елитното друштво.

Клучот за победата во голема мера лежеше во извонредната игра на Новак на брејк-топките за противникот. Тој спаси дури 16 од 18, а подобар учинок имал само против Енди Мареј во полуфиналето во 2012 година.