Ги дочека своите „пет минути“: Ѓоковиќ одговори на навредите во неговата Србија! (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ денеска прослави голема победа во полуфиналето на Австралија опен против Јаник Синер, а в недела го чека битката со Алкараз за титулата. 

По денешниот триумф Новак не заборави и да испрати порака до оние кои го потценуваат

„Нешто кажавте?“, напиша Ѓоковиќ на камерата веднаш по големата победа.

Бидејќи пораката беше напишана на српски јазик јасно е дека Ѓоковиќ со ова одговори на навредите во неговата земја од каде што новинар неодамна го нарече „пропаднат тенисер“.

Финалето против Алкараз, Новак ќе го игра в недела во терминот од 09:30 часот.