Ѓоковиќ по маратонот со Синер: Се надевам дека ќе имам гориво за финалето!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го шокира Јаник Синер со 3-2 во сетови и се избори за финале на Австралијан опен.

Ѓоковиќ по натпреварот кажа дека воделе исцрпувачка борба со неговиот ривал од Италија, а зборуваше и за финалето.

„Натпреварот беше неверојатен. Четири часа траеше, сите бевте тука, ме потсети на пресметката со Рафа во 2012 година во финалето. Мислам дека ова беше висок квалитет на тенис. Ви благодарам што издржавте до крај. Се надевам дека ќе имам гориво за финалето против Алкараз“, кажа Ѓоковиќ.

Србинот ќе се бори против Алкараз за 25. гренслем-титула во кариерата.