Голманот на Струга си постигна комичен автогол во Анталија (ВИДЕО)

Струга ремизира против Пахтакор (1-1) на пријателски натпревар во Анталија, а комичен гол си постигна италијанскиот голман Марко Анџелети од редовите на македонскиот прволигаш.

Македонската екипа водеше со 1-0 против узбекистанскиот тим сè до 87. минута кога Анџелети реагираше катастрофално и ја испрати топката во сопствената мрежа за конечни 1-1.

Анџелети досега бранеше на 15 натпревари во Првата лига, а притоа прими седум голови, а дури девет пати ја сочува мрежата.