Стравичен пад на Линдзи Вон во Кран-Монтана! (ВИДЕО)

Познатата американска скијачка Линдзи Вон доживеа сериозен пад за време на спустот во Кран-Монтана, односно последната трка пред Зимските олимписки игри.

Трката ја одбележаа неколку падови, а еден од нив го имаше Американката која заврши во заштитната мрежа од која не можеше да се извлече без помош на останатите лица.

Вон загуби рамнотежа во горниот дел од патеката по скокот, по што веднаш реагираа екипите на терен, а хеликоптерот бил подготвен за итен транспорт, но Американката за среќа не беше посериозно повредена.