Револуција во Мадрид: Реал подготвува жешко лето со многу трансфери!

Раководството на Реал Мадрид не е задоволно со односот на фудбалерите по поразот од Бенфика во Лигата на шампиони (ЛШ), со што шпанскиот гигант испадна од топ-8 во лигашката фаза.

Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез најавил дека клубот го очекува жешко лето со многу трансфери, односно се очекува распродажба на дел од играчите, но и купување на нови ѕвезди.

Најголем фокус ќе биде ставен на дефанзивата и средениот ред, а веќе се шпекулира и кои фудбалерите може да го облечат дресот на „кралскиот тим“.