Работнички умешно ги изигра ФИБА и блокадите од БАТ и потпиша крило од Србија!
Крилниот кошаркар во „Градски парк“ пристигнува како слободен играч, а зад себе има солидна сезона во македонското првенство. Грушановиќ лани настапуваше за Гостивар, каде што беше еден од носителите на играта и имаше значајна улога во обезбедувањето опстанок на тимот. Токму ова е начинот на кој центарци ја „изиграа“ ФИБА и петте блокадите од БАТ поради неплаќање, со оглед што за новото засилување нема потреба да се бара сертификат бидејќи негов последен настап бил во Македонија. Според правилата, блокадите од БАТ значат укинување на можноста за барање сертификати за странски засилувања, освен за тие што прават трансфер токму од клуб од македонското првенство.

Искусниот кошаркар на 27 одиграни натпревари во дресот на гостиварци имаше просек од 13,1 поен и три скока по меч, со што се вбројуваше меѓу најконстантните играчи во екипата. Покрај настапите во Гостивар, Грушановиќ има и интернационално искуство од Србија, Црна Гора и Хрватска. Тој е продукт на реномираната школа на Мега, со која пред повеќе од десет години настапуваше и на јуниорската Евролигата.