Џошуа со емотивно видео се збогува од загинатите тренери и им кажа фала на лекарите!

 

Поранешниот светски шампион во тешка категорија во професионалниот бокс, Ентони Џошуа, преку емотивно видео објавено на социјалните мрежи им оддаде почит на своите блиски пријатели Сина Гами и Латиф Ајоделе, кои трагично го загубија животот во сообраќајна несреќа во Нигерија минатиот месец во авомобилот во кој беше и самиот тој.

Британскиот боксер изрази и голема благодарност до медицинскиот персонал кој се грижел за него за време на престојот во болница во Нигерија, како и до бројни институции и поединци кои помогнале по трагичниот настан. Тој под видеото напиша трогателна порака, во која се заблагодари на сите што помогнале во критичните моменти по несреќата:

„Сакам да одвојам момент за да ја изразам мојата огромна благодарност до службите за итна помош, до сите кои се втурнаа да им помогнат на Латиф и Сина, до оние кои ми помогнаа да стигнам до болницата и до сите локални жители кои се молеа за нас на самото место“, напиша тој.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @anthonyjoshua

Џошуа упати посебна благодарност и до медицинскиот персонал во болницата „Лагун“ во Икоји, потенцирајќи неколку лекари по име.

„На докторите и медицинските сестри во болницата ‘Лагун’, вклучувајќи ги д-р Огунунјанкин, д-р Тосин Маџекодунми и д-р Ниналово, ви благодарам за грижата и професионалноста“.

Боксерот во својата порака им се заблагодари и на британските дипломатски претставници, како и на нигериските бизнисмени и државни функционери кои помогнале со логистика и поддршка. Меѓу нив се и Сајмон Филд, заменик-висок комесар на Обединетото Кралство, како и Феми Отедола и Алико Данготе, за кои Џошуа истакна дека без нив враќањето во Велика Британија немало да помине толку непречено. Тој упати благодарност и до гувернерот на државата Лагос, Бабажиде Санво-Олу, гувернерот на државата Огун, Дапо Абиодун, како и до претседателот на Нигерија, Бола Ахмед Тинубу, за нивната лична ангажираност и поддршка.

„И на крај, им благодарам на Сесил Хамонд и на сите кои учествуваа и помогнаа. Вашите напори, добрина и поддршка никогаш нема да бидат заборавени. Бог да ве благослови“, заврши Џошуа.