Трет пораз на Вардар во Анталија

Вардар го доживеа третиот пораз во четвртиот одигран пријателски натпревар на подготовките во Анталија. Овојпат црвено-црните загубија со 0-1 од Акхмат Грозни.

Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во првото полувреме од пенал. Мелкадзе погоди во 26. минута.

За Акхмат Грозни настапи и довчерашниот играч на Шкендија, Клисман Цаке.

До крајот на подготовките во Анталија, Вардар треба да одигра уште еден натпревар, дуелот со Алшкрет од Ерменија кој е закажан за 2 февруари.