Динамо Загреб го врати Ливаковиќ!

Хрватскиот репрезентативен голман, Доминик Ливаковиќ до крајот на сезоната ќе брани за Динамо Загреб, договорени се сите детали.

По неуспешната позајмица во Жирона, Ливаковиќ се враќа таму каде што му е најубаво, во Динамо Загреб.

Тој денеска ќе ги мине лекарските прегледи и ќе стави потпис на договорот со модрите.

Динамо Загреб на Фенербахче ќе му плати 300.000 евра за позајмица до крајот на сезоната.

Ливаковиќ од 2016 до 2023 година беше член на Динамо Загреб.