Вакво нешто ретко се гледа: Голман прими бизарен автогол во 92. минута (ВИДЕО)

Натпреварот од осминафиналето во Купот на Катар помеѓу Ал Шаније и Ал Шамал се најде во центарот на вниманието поради бизарниот автогол кој си постигна голманот Оумар Бари.

Резултатот беше 0-0 се до 92 минута, тогаш фудбалерите на Ал Шанија изведоа слободен удар од околу 40 метри. Фудбалерот Јосуф Раиси шутираше силно по средината од голот и изгледаше дека Бери ќе им лесна топка.

Но, место тоа тој прво ја одби високо над глава, а кога таа падна веројатно сакајќи да ја исфрли си над пречката си ја заби во мрежата. Тој гол беше и единствен, па Ал Шамал го заврши учеството во купот.