Фудбалери на Тотнем имале сообраќајна несреќа пред гостувањето кај Ајнтрахт!
Инцидентот се случил на автопатот во Хартфордшир, при што двајцата фудбалери се движеле со одделни возила, а Одобер го следел Коло Муани. За среќа, несреќата поминала без повреди. Информацијата ја потврди менаџерот на Тотнем, Томас Франк, кој нагласи дека сите учесници во инцидентот се во добра состојба.
„Коло Муани и Вилсон Одобер се добро. Станува збор за мала сообраќајна несреќа, предизвикана од дупната гума. Тие ќе патуваат во Франкфурт подоцна“, изјави Франк.
И покрај непријатната ситуација, двајцата играчи се очекува да бидат на располагање за вечерашниот дуел во Германија.