Ѓоковиќ беше на работ од бездната, но имаше луда среќа – противникот му се повреди!
Италијанецот одигра одличен тенис во првите два сета, кои сосема заслужено ги доби со 6-4 и 6-3, доведувајќи го српскиот ас на работ од бездната. Сепак, на стартот од третиот сет Мусети почувствува болка во бутниот мускул, побара медицински тајм-аут и иако се обиде да продолжи, беше јасно дека не може да го одржи ритамот. Ѓоковиќ го искористи тоа, поведе со 3-1 во третиот сет, по што Италијанецот донесе конечна одлука да го предаде натпреварот, иако водеше со 2-0 во сетови. За Мусети ова беше второ откажување во кариерата против Ѓоковиќ, од вкупно 11 меѓусебни дуели, во кои има само една победа.
Ова е втор меч по ред на турнирот на кој Ѓоковиќ минува понатаму без завршена победа на теренот, откако и во осминафиналето Чехот Јакуб Меншек се откажа од натпреварот. Негов ривал на патот кон финалето ќе биде подобриот од последната четвртфинална пресметка меѓу Бен Шелтон и Јаник Синер.
ФОТО: EPA PHOTO