Нови детали за здравјето на возачот: Шумахер повеќе не е „врзан“ за кревет!?

Легендарниот возач во Формула 1, Михаел Шумахер повеќе не е „врзан“ за кревет по тешката несреќа на скијање која ја доживеа пред 12 години.

Рехабилитацијата на Германецот се држи под строга тајност само кај членовите на семејството, а извори блиски до нив за „Дејли Мејл“ откриваат дека Шумахер може со инвалидска количка да се вози по неговиот имот на Мајорка вреден 35 милиони евра.

За него се грижи сопругата Корина, со која е во брак 30 години, а ѝ помагаат медицински сестри и терапевти кои му даваат нега по 24 часа дневно.

Заштитата на приватноста на Шумахер останува приоритет на семејството, откако така беше и во изминатите години.