Синер во три сета го мина италијанското осминафинале!
Синер фуриозно го почна мечот, првиот сет го доби со 6-1, а во вториот беше подобар со 6-3.
Дардери покажа мускули во третиот сет во кој се играше тај-брејк. Синер беше подобар со 7-2 за победа и пласман во четвртфинале.
Во четвртфиналето Италијанецот ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Шелтон и Руд.
Италија ќе има и уште еден претставник меѓу осумте најдобри на Австралија опен, тоа е Мусети кој со 3-0 го совлада Фриц.
Мусети ќе биде противникот на Новак Ѓоковиќ.