Масовна тепачка меѓу навивачи на Хајдук и Црвена Звезда (ВИДЕО)
Хаосот се случил околу 21.55 часот пред влезот на Меѓународниот аеродром во Тузла, каде што биле испратени повеќе полициски возила.
„На местото на инцидентот беа испратени повеќе полициски возила и тимови за брза интервенција. Тепачката ја предизвикале повеќе лица, за кои е потврдено дека се навивачи на Црвена Звезда и Хајдук“, соопштија од полицијата.
Според првичните информации, во тепачката се повредени 23 лица, меѓу кои и еден полициски службеник, а дури 93 навивачи се задржани во полициска станица.