Индијана ја шокираше Оклахома, Денвер победи во Милвоки (ВИДЕО)

Индијана која е еден од најслабите екипи оваа сезона ја совлада Оклахома со 117-114 и тоа на нејзин терен, Денвер со 102-100 победи на гостувањето кај Милвоки.

Оклахома влезе како огромен фаворит во дуелот со Индијана, но гостите направија огромно изненадување и дојдоа до триумф.

Индијана одлично го почна мечот со 39-28 ја доби првата четвртина и потоа го одржуваше водството до конечна победа од 117-114.

Гилгус-Александер постигна дури 47 поени, но и покрај тоа Оклахома загуби, најефикасен кај Индијана беше Нембхард со 27 поени, Вокер даде 26.

Денвер запиша уште една победа без Никола Јокиќ, овојпат со 102-100 славеше на гостувањето кај Милвоки.

Строутер со 20 поени беше најефикасен кај Денвер, Адетокумбо реализираше 22 поени за Милвоки, имаше и 13 скокови.

Резултати:

Детроит - Хјустон 104-111
Атланта - Феникс 110-103
Бруклин - Бостон 126-130
Кливленд - Сакраменто 123-118
Мемфис - Њу Орлеанс 127-133
Оклахома - Индијана 114-117
Милвоки - Денвер 100-102
Портланд - Торонто 98-110