Португалско засилување за Башкими!

Башкими се пофали со уште едно ново име во јануарскиот преоден рок, за кумановскиот клуб потпиша Португалеот Луис Рибеиро.

Рибеиро во Башкими доаѓа од Шкупи каде што мина само шест месеци, но се реши да остане во македонската лига.

Се работи за 24-годишен офанзивен фудбалер од средниот ред. Тој е роден во Германија, во Штутгарт и пред да се пресели во Македонија играл за германски нисколигаши.