Саудијците имаат спектакуларен план - сакаат да го заменат со Роналдо со 50 ѕвезди!

Кристијано Роналдо иако и понатаму постигнува голови и игра на високо ниво, сепак јасно е дека годините и него го стигнуваат, па во Саудиска Арабија и размислуваат како би можеле да го надополнат неговото отсуство кога Португалецот ќе се повлече.

Последните информции од медиумите се дека Саудијците на „радарот“ имаат 50 фудбалски ѕвезди по кои ќе тргнат со цел да останат во фокусот на фудбалската јавност и без Роналдо.

Наводно нивна мета ќе бидат фудбалери како: Мохамед Салах, Бруно Фернандеш, Винисиус, Роберт Левандовски и многу други, со цел да се задржи интересот за натпреварувањето во пресрет на Светското првенство во 2034 година на кое ќе бидат домаќини.

Се очекува напорите за реализација на низа звучни трансфери дополнително да се засилат по завршувањето на Мундијалот во 2026 година. Иако фокусот е ставен на фудбалери кои би можеле да минат неколку сезони во Саудиската Про лига, на списокот има и ѕвезди кои се во поодминати фудбалски години.

Како најголема ѕвезда која според ситуацијата е најблиску да се пресели е Мохамед Салах кој би можел да заврши во Ал Итихад. Египќанецот беше во конфликт со Ливерпул, меѓутоа засега изгледа дека ситуацијата се подобрува, сепак останува да се види што ќе се случува во наредниот период.