Алкараз експрес – за два часа до осминафиналето
Тој го победи Корентин Муте од Франција со 3-0 во сетови во третото коло (6-2, 6-4, 6-1), во нивниот прв дуел, за само 127 минути игра. Шпанецот го одигра својот 100. меч на Гренд слем турнирите во кариерата и ја оствари својата 87. победа, со 13 порази. Тоа е најдобар ефект во првите 100 натпревари во историјата, на еден тенисер, Бјорн Борг го имаше истиот, а зад Алкараз останаа Надал и Мекинро со 86, Конорс со 85...
Светскиот тенисер број еден го почна дуелот фантастично, веднаш направи два брејка и рутински го реши првиот сет во своја корист. Истото се случи и во вториот, Шпанецот водеше со 3:0 и сервираше, а потоа Муте се разбуди, блесна и освои четири гема по ред!
Сепак, тоа беше сè што можеше да се види од него на денот. Алкараз одговори со седум гема по ред и мирно го заврши натпреварот.
Во осминафиналето, Алкараз ќе се сретне со Томи Пол на кого повредениот Давидович Фокина му предаде при 0-2 во сетови.