Легендарниот Гаскоњ паднал и скршил шест ребра, се плашел дека нема да преживее
При падот Гаскоњ како што се наведува скршил шест ребра по што итно бил пренесен во болница, а самиот изјавил дека бил во „агонија“ и дека „паничел“, верувајќи дека може и да го загуби животот.
„Нешто закачував и паднав наназад. Скршив шест ребра и ги пробушив белите дробови. Отидов во болница, бев во агонија, а тие ми дадоа лекови против болка. Само почувствував како вратот ми станува сè поголем. Веднаш повикав хирург бидејќи почнав да паничам“, изјави Гаскоњ.
Легендарниот Газa откри дека во тие моменти, додека бил во силни болки, мислел дека има визија од својот покоен татко Џон.
„Го видов татко ми во облаците и навистина се испаничив. Имам поминато 38 операции и тоа обично не ме вознемирува, но овој пат навистина се исплашив. Постојано зборував: ‘Ве молам, донесете хирург. Плачев на цел глас“, раскажа Гаскоњ.
Гаскоњ со години води борба со зависноста од алкохол, а и покрај тоа ќе остане запаметен како еден од најдобрите играчи од средниот ред на својата генерација.