Падна Португалија, Германија со победа ја почна втората фаза!
Португалците подобро го почнаа натпреварот, но исто така и пропуштија дури четири напади за да се „одлепат“ на три гола разлика. Тоа Германија знаеше да го искористи, па за првпат по стартните 1-0 поведе со 9-8. На паузата сепак се заминаа со изедначен резултат 11-11.
Изедначената игра продолжи и во второто полувреме, прво Португалија на неколку пати го врати водството, но вториот дел од полувремето им припаддна на Германците. Кои во последните деесет минути влегоа со предност (24-22). Мора да се истакне одличниот Волф кој со своите одбрани на моменти потсетуваше и на своите најдобри денови.
Драмата продолжи до самата завршница, Германија на пет минути пред крајот водеше со 27-26. Не се откажуваа Португалците, но сепак во финишот Германија не дозволи пресврт и така ја поочна втората фаза на најдобар можен начин.
За Германија најефикасен беше Шурлоф со седум гола, додека за Португалија не беа доволни и десет гола на Кошта. Волф средбата ја заврши со 14 одбрани.