Џеко потпиша, Шалке го претстави со комично видео на босански јазик

Германски Шалке го комплетираше трансферот на босанскиот напаѓач Един Џеко кој во клубот од Гелзенкирхен ќе го носи дресот со бројот „10“.

Џеко утрово пристигна на прегледи, а откако успешно ги заврши, стави и потпис на договорот. Во Шалке Џеко присигнува од Фиорентина каде што настапуваше во првиот дел од сезоната.

„Од првиот момент кога Шалке се појави, бев заинтересиран и ги гледав нивните натпревари. Разговарав со челниците на клубот и тренерот Мирон Муслиќ, како и со Никола Катиќ, впечатокот беше многу позитивен“, изјави Џеко.

Шалке направи и интересно видео на босански јазик со кое претходно го потврди трансферот.