Бизарно: Запалена статуа на Кристијано Роналдо и тоа во неговиот роден град (ВИДЕО)
Инцидентот се случил во Фуншал, главниот град на островот и родното место на славниот фудбалер. На снимката, која кружи на интернет, се гледа како мажот ја полева бронзената статуа на Роналдо со запалива течност и ја пали со запалка, по што танцува на рап-музика. Снимката завршува со покажување среден прст кон споменикот. Инцидентот се случил во вторник наутро, во близина на Музејот CR7, а видеото било објавено на Инстаграм, а во описот, авторот напишал - Ова е последното Божјо предупредување.
Засега не било познато дали статуата претрпела трајни оштетувања. Иако пламенот првично се проширил, огнот брзо се изгаснал. Споменикот и претходно бил цел на вандализам. Во 2016 година бил оштетен, кога навивачи на Лионел Меси со црвена боја на грбот на статуата испишале „Меси“ и бројот „10“, по освојувањето на неговата петта „Златна топка“.
Бронзениот споменик, висок околу 3,3 метри, беше откриен кон крајот на 2014 година во Фуншал, а на свеченоста присуствуваше и самиот Роналдо заедно со своето семејство.
„Ова е многу посебен момент – да имаш споменик на самиот себе“, изјави тогаш Роналдо.
По инцидентот од 2016 година, статуата беше преместена на сегашната локација, веднаш до музејот „ЦР7“. Портпаролот на музејот потврди дека случајот е пријавен и дека полицијата активно работи на истрагата. Извор од полицијата во Фуншал за локалните медиуми изјави дека сторителот веќе е идентификуван.
„Лицето е познато во градот по слични инциденти и претходно“, навел изворот.