„Карлос Надал“ мораше да се испоти за да дојде до втор триумф во Мелбурн (ВИДЕО)
Шпанецот неочекувано се мачеше во првиот сет, кој го доби дури по тај-брејк, но како одминуваше мечот ја презеде целосната контрола. Германецот во еден момент побара и медицински тајм-аут поради проблеми со повреда, што дополнително му ја олесни работата на фаворитот. Мечот имаше и еден симпатичен момент кој брзо стана хит. Средината на вториот сет беше прекината од довикување од трибините: „Карлос Надал“, очигледна алузија на легендарниот Рафаел Надал. Алкарас го слушна коментарот, се насмеа, ја прифати шегата и без да се вознемири рутински го приведе мечот кон крај.
Тој во третото коло ќе се соочи со Корентан Муте, тенисер познат по својот неконвенционален стил и чести провокации на теренот. Французинот сигурно ќе се обиде да го извади од ритам младиот Шпанец, а ова ќе биде нивна прва меѓусебна пресметка.