Мароканците се бесни и бараат казна: Дијаз намерно го промашил пеналот!? (ВИДЕО)

Брахим Дијаз е главна тема во медиумите по финалето на Африканскиот Куп на нации, а на „Икс“ се појави нова снимка со која се тврди дека фудбалерот намерно промашил пенал.

Мароканците се бесни по објавената снимка и бараат казна за Дијаз. Наводно, на неа се гледа како фудбалерот на Мароко пред изведување на пеналот зборува со Садио Мане.

Мане неколку моменти подоцна му објаснува на Едуард Менди како да го одбрани пеналот, по што голманот без проблеми ја запре „паненката“ на Дијаз.