Фалангата не се предава - верува во чудото наречено втора фаза (ФОТО)

Македонските навивачи во Хернинг не се предаваат и веруваат во чудо во последното коло од првата фаза на Европското првенство (ЕП), во кое Македонија ќе се соочи против Романија.

Фалангата пее македонски песни и ја загрева атмосферата пред дуелот со Романија во која ќе ни треба победа, и тоа со што е можно поголема разлика, а потоа и услуга од Данска против Португалија.

Македонија сè уште има шанси за пласман во втората фаза на ЕП, но збирот на евентуалните победи на нашите ракометари против Романија и на Данците против Португалија треба да изнесува 19 разлика или повеќе (ДЕТАЛИ ТУКА).

Доколку се случи такво нешто, Македонија ќе има барем еден гол повеќе во вкупната гол-разлика и со тоа ќе заврши пред Португалија во групата и би се пласирала во втората фаза.