Нема крај на хаосот во Африка: Мароко ќе тужи!
Информацијата ја потврдија од Фудбалскиот сојуз на Мароко.
„Фудбалскиот сојуз на Мароко ќе преземе правни мерки против Африканската фудбалска конфедерација (КАФ) и ФИФА поради повлекувањето на сенегалската репрезентација од теренот во финалната средба против Мароко и сите настани кои следуваа Пеналот за Мароко го досудија експерти, а заминувањето на Сенегалците од терен значително влијаеше на исходот на натпреварот и на перформансите на играчите“, стои во соопштението.
Ќе потсетиме, Сенегалците по досудениот пенал се повлекоа од теренот на барање на селекторот, но присебен остана Садио Мане кој побара неговите соиграчи да се вратат на теренот. Целиот хаос траеше 15-тина минути, а по враќањето Дијаз го промаши пеналот, натпреварот отиде во продолженија каде што Сенегал постигна гол за победа.
Фото: EPA