Македонија доби судии од регионот и за натпреварот со Романија

Македонската ракометна репрезентација повторно доби судии од регионот и натпреварот против Романија утре ќе го судат, Бојан Лах и Давид Сок од Словенија.

Ќе потсетиме, вчера во ремито против Португалија арбитрите беа од БиХ и тоа близнаците, Амар и Дино Коњичанин.

За делегати  за утрешниот натпревар одредени се Хрватката Лидија Бојиќ Чачиќ и Изралецот Шломо Коен.

Натпреварот против Романија утре го играме во трерминот од 18:00 часот и во него е исклучително  важно за победиме за пласманот на овој турнир, но и за квалификациите за наредното Светско првенство.

Фото. EPA