Мане и без гол беше херој, Сенегал по драма и хаос го освои Африканскиот Куп на Нации! (ВИДЕО)

По една голема драма и вистински хаос репрезентијата на Сенегал успеа да слави победа над Мароко со 1-0 по продолженија.

Хаосот започна во 97. минута кога  ВАР-преглед, беше досуден пенал за Мароко. Судиската екипа утврди дека имало повлекување во шеснаесетникот по корнер, а Брахим Дијаз падна како покосен. Судијата од Конго, по прегледот на снимката, покажа на белата точка.

Одлуката толку ги изреволтира Сенегалците што селекторот Папе Тиав им нареди на своите фудбалери да се повлечат од теренот. Интересно, селекторот Тиав и поголем дел од репрезентативците на Сенегал го напуштија теренот, додека спроти нив остана Садио Мане, кој бараше соиграчите да се вратат и да го довршат натпреварот.

По околу 15 минути целосен хаос и расправии дали Сенегал ќе го доигра финалето или не, натпреварот продолжи откако гостите во дуелот во Рабат се вратија на теренот.

Брахим Дијаз го презеде изведувањето на пеналот за титулата, се обиде со „паненка“, но се посрамоти и голманот Едуар Менди лесно го одбрани неговиот удар.

Тоа Сенегалците и тоа како знаеја да го искористат во продолженијата кога гол за победа постигна Гаје во 94. минута. За Сенегал ова е вторпат во историјата да го освои Африканскиот Куп на Нации, додека Мароко на свој терен остана без трофејот.

Нема дилеми, дека за најголем херој кај Сенегалците ќе се смета Садио Мане кој остана присебен и не дозволи Сенегал да направи скандал за кој сигурно и ќе беа жестоко казнети.