Лудница во Мароко: Мане спречи Сенегал да го напушти теренот - Дијаз се посрамоти за „сите пари“! (ВИДЕО)
При резултат 0-0, Сенегал постигна гол, но судијата го поништи, проценувајќи дека сенегалски фудбалер направил фаул во напад, иако контактот со дефанзивецот на Мароко беше навистина благ. Всушност, се работеше за минимален допир рака во рака, кој во европскиот фудбал речиси сигурно не би бил санкциониран.
Но, тоа не беше сè. Во 97. минута, по ВАР-преглед, беше досуден пенал за Мароко. Судиската екипа утврди дека имало повлекување во шеснаесетникот по корнер, а Брахим Дијаз падна како покосен. Судијата од Конго, по прегледот на снимката, покажа на белата точка.
Одлуката толку ги изреволтира Сенегалците што селекторот Папе Тиав им нареди на своите фудбалери да се повлечат од теренот. Интересно, селекторот Тиав и поголем дел од репрезентативците на Сенегал го напуштија теренот, додека спроти нив остана Садио Мане, кој бараше соиграчите да се вратат и да го довршат натпреварот.
По околу 15 минути целосен хаос и расправии дали Сенегал ќе го доигра финалето или не, натпреварот продолжи откако гостите во дуелот во Рабат се вратија на теренот.
Брахим Дијаз го презеде изведувањето на пеналот за титулата, се обиде со „паненка“, но се посрамоти и голманот Едуар Менди лесно го одбрани неговиот удар.
Фото: EPABrahim Diaz missed penalty 😭😭😭
— Theoツ (@AkanjiSZN_) January 18, 2026
pic.twitter.com/kJcPm7eLwn