Рома го надигра Торино за трет триумф по ред во Серија А (ВИДЕО)
Дониел Мален погоди во 23. минута, но голот му беше поништен од ВАР-технологијата поради офсајд. Сепак, истиот фудбалер три минути подоцна повторно стрелаше и неговиот погодок остана да важи.
Стрелец на вториот гол за екипата од Рим беше Пауло Дибала, кој во 72. минута ги постави конечните 2-0.
Рома е на четвртата позиција со 42 бодови, односно седум помалку од лидерот Интер.
Фото: Facebook/AS Roma