„Кузмановски има квалитет и потенцијал, треба да игра на повисоко ниво - во друг европски клуб“!
По натпреварот селекторот Лазаров испрати и порака до ракометарот на Пелистер велејќи дека за него е време да се пресели во некој голем европски клуб бидејќи има квалитет и потенцијал за такво нешто.
„Капитенот јас си го познавам, верував во него. Му го знам карактерот. Филип Кузмановски има голема почит спрема мене, а и јас спрема него. И ако некој верува во него, тоа сум јас. Но, само кога е тој цврсто на земја. Не сум секогаш у право ниту јас, ама кога сака и мора да ме послуша, неговото место е за 'хај левел' ракомет. Со респект за Пелистер, тој им потенцијал да биде врвен играч, но треба да смени карактер, да се адаптира на било каква ситуација - во друг европски клуб“, изјави Лазаров.