Челси го договори првото засилување за Росениор (ФОТО)

Англискиот гигант Челси тргна по нови засилувања во јануарскиот преоден рок, а новинарот Фабрицио Романо објави дека екипата се договорила со дефанзивецот Жереми Жаке од Рен.

Според првичните информации, Жаке им дал позитивен одговор на „сините“, па сега остануваат само завршните преговори меѓу Челси и Рен за трансферот кој најверојатно ќе изнесува околу 65 милиони евра.

Челси долго време има проблеми во одбраната, па поради тоа богатите газди решија да го освежат составот.