Елмас нема да патува во Данска!?

Италијанските медиуми денеска пишуваат дека Елиф Елмас најверојатно ќе го пропушти гостувањето на Наполи кај ФК Копенхаген во меч од Лигата на шампионите.

Елмас вчера излезе од игра во 57. минута откако доби силна вртоглавица.

Ситуацијата не е сериозна, се работи за настинка која ја има македонскиот фудбалер.

Наполи во вторник му гостува на Копенхаген, а големи се шансите Елмас да не се качи во авионот за Данска.

Сепак тоа ќе биде одлучено денеска откако уште еднаш ќе биде проверена состојбата на нашиот играч.