Костески: Подготвени го дочекуваме ЕП, сакаме да ја израдуваме Македонија!
Според Костески, Македонија одработила едни добри подготовки и Европското првенство го дочекуваме подготвени.
„Овв беше последниот контролeн натпревар и мислам дека успеавме добро да се подготвиме за предизвиците кои следат во групната фаза. Тренериавме добро, иако беше малку тешко затоа што се собраа повќее контролни натпревари. Бевме добри до самиот крај, денеска направивме добра разлика и верувам дека влегуваме максимално подготовени.
Ќе играме во сериозна група, не треба да се трошат зборови за какви репрезентации станува збор. Тука е Данска, Португалија која заврши четврта на последното Светско првенство, Романија исто така напредува, но мислам дека ќе ги дочекаме натпреварите подготвени, ќе го дадеме максимумот за да ја израдуваме Македонија, зошто да не се пласираме и во следната фаза“, изјави Костески.
Македонија првенството го почнува петок против Данска во 20:30 часот, а потоа следат дуелите со Португалија и Романија.