Ѓоковиќ ја темпира формата во Мелбурн - првиот тренинг го имаше со Лехечка (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ги почна подготовките за Австралијан опен, а на теренот се најде заедно со Јиржи Лехечка.

Ѓоковиќ тренираше со 19. тенисер во светот, па ќе се обиде да влезе во ритам пред да го почне ловот на уште една гренслем-титула.

Еден од најдобрите тенисери во историјата претходно се повлече од настап во Аделејд, откако посочи дека не е физички подготвен.