Гвардиол се оперираше, Хрватот е во трка со времето за настап на СП
Процесот на рехабилитација за Гвардиол сега и официјално може да почне. Неговото отсуство е голем удар за Манчестер Сити, но се тресат и во Хрватска бидејќи неговиот настап на Светското првенство е неизвесна.
Откако му беше дијагностицирана скршеница, беше јасно дека операцијата е неоходен зафат. Тој на барање на Сити е опериран од водечкиот англиски хирург, па поради тоа се чекаше извесен период додека биде ставен „под нож“.
Гвардиол сега од Лондон се враќа во Манчестер каде ќе ја продолжи рехабилитацијата под надзор на клупски доктори.
Грубата прогноза вели дека на теренот треба да се врати за пет месеци, но во овој момент е тешко да се дадат попрецизни датуми. Како и да е, пред Хрватот е вистинска трка со времето за настап на мундијалот.