Урнебес: Ѓулер во очај сакаше да шутне шише, па - тресна на земја (ВИДЕО)

Турскиот репрезентативец Арда Ѓулер имаше уште една кошмарна вечер против Барселона која почна уште со објавувањето на составите.

Неговото име фигурираше во почетната постава на Реал Мадрид, но подоцна излезе дека станува збор за грешка, па на негово место, всушност, влезе напаѓачот Гонзало Гарсија, а Турчинот влезе во игра во 68. минута на местото на Валверде. Откако влезе во игра, Ѓулер немаше голем придонес во играта на Реал, пет минути подоцна Барселона го постигна победничкиот гол, па на крајот мораше да се помири со поразот.

 

 

Фрустрациите кај Ѓулер можеа да се видат непосредно по последниот судиски свиреж. Разочаран од конечниот исход, тој се обиде да шутне едно шише, но место тоа, тресна на земја, за еден од најсмешните моменти од финалниот натпревар од Суперкупот.