Избегната сензација на стартот на ЕП: Србија на пенали го победи аутсајдерот

Репрезентацијата на Србија ја победи Холандија по изведувањето пенали во првото коло од групата Ц на Европското првенство во ватерполо што денеска почна во Белград.

Холанѓаните за малку испуштиија сензација против домаќинот на турнирот и актуелен олимписки шампион. Србија губеше со 6-8 на полувреме, но се врати со резултат од 13-13 во третата и четвртата четвртина и победи во драматична серија пенали. Србите беа подобри во изведувањето петерци со 5-3 и го добија првиот меч. Тоа им донесе два бода, Холанѓаните освоија еден, додека групата ја предводат Шпанците, кои го победија Израел со 28-3 во првиот меч од денешната програма.

Овогодишното првенство носи промена во форматот на натпреварувањето, трета во последните три изданија. Сегашниот систам потсетува на оној од Европското првенство во ракомет кога учествуваа 16 репрезентации. По првата групна фаза, во која екипите се поделени во четири групи од по четири, трите најдобри екипи од секоја група продолжуваат понатаму.

По групната фаза, првите три екипи од групите А и Ц ќе формираат нова група Е, додека првите три екипи од групите Б и Д ќе ја формираат група Ф. Клучно е бодовите освоени во меѓусебните натпревари во првата фаза да се пренесат во втората фаза, што значи дека раната доминација може да биде клучна за конечниот пласман. Поради тоа, Србија е веќе во негатива во однос на Шпанија и веројатно за првото место во групата ќе одлучува меѓусбниот дуел.

Првите две екипи од новите Групи Е и Ф ќе се пласираат директно во полуфиналето, што значи дека секој тим ќе игра вкупно шест натпревари до полуфиналето. Екипите што нема да се квалификуваат во полуфиналето ќе играат за позициите од 5-то до 12-то место, во зависност од нивниот настап во првите две фази од натпреварувањето.

фото: EPA photo