Кузмановски МВП на турнирот во Швајцарија!

Македонската ракометна репрезентација без пораз го заврши настапот на турнирот во Швајцарија откако во последниот натпревар ремизиравме со Швацјариј (29-29).

Најдобар на теренот со Швајцарија беше Марко Митев кој го постигна и голот во последните секунди (ТУКА), но признанието за МВП на турнирот заврши во рацете на нашиот капитен Филип Кузмановски.

Кузмановски исто така беше и единствен претставник на Македонија во идеалниот тим на турнирот.

По настапот во Швајцарија, Македонија патува за Хернинг каде што на 16-ти јануари го играме првиот натпревар против домаќинот Данска.