Aлжир немоќен, Осимен и друштвото ќе играат полуфинале! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Нигерија е третиот полуфиналист на Африканскиот Куп на Нации откако попладнево со 2-0 беа подобри од Алжир во четвртфиналето.

Нигерија доминираше во текот н целиот натпревар, можеше да слави и поубедливо, а Алжир не успеа да упати ниту еден удар директно во рамките од голот.

Натпреварот беше одлучен на стартот од второто полувреме кога прво Осимен го отвори резултатот, а потоа само десет минути пооцна Адамс постигна и втор гол. На крајот тој резултат се покажа и како конечен.

Во полуфиналето Нигерија ја чека репрезентацијата на Мароко која вчера си ја заврши својата работа. Последниот полуфналист ќе го добиеме вечерва по пресметката помеѓу Египет и Брегот на Слоновата Коска.