Сити без милост во ФА Купот - првпат со Гвардиола даде десет гола! (ВИДЕО)

Манчестер сити немаше милост и до врв ја наполни мрежата на Екстер (10-1) кој се натпреварува во третиот ранг на англискиот фудбал.

Иако „граѓаните“ играа против третолигаш, сепак Пеп одлучи на теренот да испрати и фудбалери како: Рејндерс, Халанд, новото заслување Семењо, Родри...Со таков квалитет гол-шоуто започна во 12-тата минута кога погоди Алејена, Родри набрзо се погрижи за 2-0, доека во финишот од првиот дел гостите си постигнаа два автогола.

На почетокот на вториот дел блесна новото засилување Антоан Семењо кој прво му асистираше на Рико Луис во 49-тата минута, а пет минути подоцна и сам се запиша во листата на стрелци.

До крајот на натпреварот голови постигнаа уште Рејндерс, О’Рајли, уште еднаш Луис, додека на првенец се израдува и младиот Мекаидо.

Утешниот погодок за гостинската екипа беше дело на Брич.

Треба да се истакне дека ова е првпат во ерата на Пеп Гвардиола, Манчестер сити да постигне десет гола на еден официјален натпревар.