Чави е опција за Манчестер јунајтед, се огласи и Фабрицио Романо

Шпанецот Чави Ернандез е подготвен за враќање во тренерската работа, a според најавите неговиот фокус е Премиер лигата.

Споед англиските медиуми поранешниот фудбалер од средниот ред е меѓу фаворитите за преземање на Манчестер Јунајтед.

Сепак, и покрај извештаите кои сугерираат дека името на Чави се разгледува на „Олд Трафод“, најпознатиот фудбалски инсајдер се обиде да ја разјасни целата ситуација.

Фабрицио Романо потврди дека, иако Чави е „на радарот“, но во оваа фаза според него нема преговори. Ќе потсетиме, Чави е без ангажман речиси две години, откако ја напушти Барселона.

Романо додава дека Чави се одморил и активно го бара својот следен проект, при што наведува дека би прифатил конкретна понуда од Премиер лигата.