Раул ги шокираше навивачите: Легендите на Реал ги стави зад Меси!
Меси со години беше „трн во око“ на Реал Мадрид и неговите битки со Роналдо во „Ел Класико“ обележаа една ера во фудбалот. Раул иако ја делеше соблекувалната со Зидан и Роналдо, Меси го смести на врвот.
„Имав среќа да играм со фудбалери како Зидан, Кристијано, Роналдо (Бразилецот), Фиго...но, мислам дека Меси е најдобар, тој е поинаков. Многу лесно изгледаат работите на теренот кога тој ги прави. Кога го гледате се однесува како да игра со пријателите од улица“, изјави Раул.
Раул за Реал Мадрид собра 714 настапи и во нив постигна 312 гола.