Роберто Карлос се огласи од болница и објасни што му се случило
Поранешниот лев бек на Реал Мадрид се наоѓал на одмор во родната земја кога по болки во ногата отишол на рутински лекарски преглед.
Лекарите откриле помало крвно згрутчување, а дополнителните испитувања покажале и проблеми со срцевата функција, по што Карлос бил примен во болница и му бил поставен катетер. Процедурата, која првично требаше да трае околу 40 минути, се одолжила на речиси три часа поради непредвидени компликации.
Карлос преку социјалните мрежи се огласи од болницата за да ја смири јавноста и да ја објасни неговата здравтвена состојба.
„Сакам да ги разјаснам информациите што се појавија во јавноста. Неодамна, во согласност со мојот медицински тим, поминав планирана превентивна медицинска процедура. Зафатот беше успешен и се чувствувам добро. Немав срцев удар. Опертивниот зафат и опоравувањата се одвиваат добро и со нетрпение очекувам наскоро да се вратам во полна физичка форма и да ги продолжам моите професионални и приватни обврски. Искрено им се заблагодарувам на сите за пораките на поддршка и грижа“, порача Карлос.