Потрес по дебаклот: Обамејанг избркан од репрезентацијата!

Репрезентацијата на Габон беше елиминирана од Африканскиот куп на нации во Мароко уште во групната фаза и тоа без ниту еден освоен бод, што предизвика голем гнев и незадоволство во земјата.

Габон во групната фаза забележа три порази во три натпревари, а еден од фудбалерите кој најмногу е на удар е Пјер Емерик Обамејанг.

Исто така по дебаклот стигна и брза реакција од раководството на федерацијата кој одлучи да го распушта тренерскиот стручен штаб, додека најголемата ѕвезда на тимот, Пјер-Емерик Обамејанг, заедно со капитенот Бруно Екуеле Манга, се исклучени од тимот.

Оваа одлука беше објавена преку официјално соопштение, кое брзо беше повлечено од социјалните мрежи, но претходно беше пренесено од повеќе локални медиуми.