Пет кандидати кои може да го заменат Мареска на кормилото на Челси
Мареска не е во најдобри односи со раководството на тимот, па поради тоа постои голема веројатност да биде отпуштен, а како негови наследници се споменуваат пет тренери.
„Мирор“ објави список од кандидати за кормилото на Челси, а прв на списокот е Чави кој во моментов е слободен.
На втората позиција следи Лиам Росениор, кој воодушеви со резултатите во Стразбур, а некои сметаат дека е идеален кандидат за нов тренер на „сините“.
Останатите тројца немаат големи шанси да го преземат Челси, а тоа се Оливер Гласнер, Унај Емери и Сеск Фабрегас.
Фото: Facebook/Chelsea